Царинската управа со историски резултат: Надминати 12 милијарди денари наплата

Царинската управа со историски резултат: Надминати 12 милијарди денари наплата
Сподели:

Царинската управа на Република Македонија бележи историски успех, надминувајќи ја бројката од 12 милијарди денари во наплата, објави денеска директорот Бобан Николовски. Овој резултат претставува значајна пресвртница и континуитет во позитивните трендови на институцијата.

Тој посочи дека во истиот месец минатата година (јули 2024), наплатата изнесувала 11 милијарди и 993 милиони денари, што било „само чекор до неа“. Годинава, пак, постигнат е раст од 5,4 проценти, што е еквивалентно на 10,5 милиони евра повеќе од рекордниот резултат остварен тогаш.

Растот на наплатата на приходи е евидентен по сите основи, при што најзначајни зголемувања се забележани кај:

- Царина: раст од дури 21,6%

- ДДВ при увоз: раст од 3,8%

- Акцизи: раст од 4,5%

- Данок на моторни возила: раст од 10,4%

Целта на новото раководството не е само да се биде подобар од претходната администрација, туку да се надминуваат самите себеси.