Американската вселенска агенција НАСА потпиша модификација на постоечкиот договор со компанијата SpaceX, со која се нарачуваат три дополнителни мисии со екипаж до Меѓународната вселенска станица. Со оваа одлука, вкупниот број на одобрени транспортни мисии за SpaceX се зголеми на 17, со што НАСА обезбедува континуиран и непречен пристап до орбиталната станица преку своите комерцијални партнери.
Договорот е со фиксна цена и ги опфаќа планираните мисии Crew-15, Crew-16 и Crew-17. Вкупната вредност на оваа модификација изнесува 946 милиони долари, а договорените обврски ги покриваат сите фази на мисиите - од копнени подготовки и лансирање, преку престојот во орбитата и транспорт на товар, па сè до безбедното враќање на астронаутите на Земјата и обезбедување капацитети за итно евакуирање.
Спроведувањето на новиот договор е планирано да трае до 2030 година, при што првите ротации од овој пакет треба да бидат подготвени за лансирање во текот на 2027 и 2028 година. Со последното проширување, вкупната вредност на договорот за комерцијални транспортни капацитети кој НАСА го има склучено со SpaceX достигна 5,92 милијарди долари.
Од НАСА нагласуваат дека не е исклучена можноста за идни дополнителни модификации на договорите, доколку се појави потреба од дополнителен транспорт на екипаж и материјали. Заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан, го посети македонскиот штанд во рамките на свеченото отворање на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби, каде што оствари средба со македонскиот државен секретар, Јовица Палашевски.
За време на посетата, високиот домаќин се запозна со богатството и разновидноста на македонското културно наследство, претставено преку фолклорни поставки, археолошки артефакти и современи книжевни дела. Посебен интерес кај високиот гостин предизвикаа автентичните историски ракописи, стари повеќе од 600 години, кои сведочат за вековната традиција и длабоките културни врски со арапскиот свет.
Во текот на куртоазниот разговор беше изразен заемен интерес за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на политичкиот дијалог меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Притоа, од македонска страна беше упатена благодарност до ОАЕ за поддршката овозможена за учество на овој значаен меѓународен саем.
Учеството на земјата на саемот во Абу Даби е реализирано во рамките на специјалната програма посветена на балканската култура. Ова претставување придонесува за поголема меѓународна видливост на македонската книжевност и отвора можности за конкретна соработка во областа на издаваштвото, преведувачката дејност и културната размена. Акциите на Nike се под притисок на берзата, во период кога најголемиот светски производител на спортска опрема се соочува со слаба продажба на директните канали и пад на приходите на дел од клучните пазари.
Дополнителен удар за инвеститорите е одлуката Nike да биде отстранет од индексот S&P 100. Промената ќе стапи во сила пред почетокот на тргувањето на 21 септември оваа година.
Одлуката доаѓа во период кога Nike се обидува да го прекине повеќегодишниот тренд на слабеење на деловните резултати и да го врати растот.
Директната продажба продолжува да се намалува
Приходите од NIKE Direct во текот на годината се намалиле за 6%, на 17,7 милијарди долари, додека приходите од дигиталниот канал на брендот во последниот квартал паднале за 12%.
Nike бележи намалување на продажбите и на некои од најважните пазари. Во последниот квартал, приходите на брендот се намалиле во Кина, Европа, Блискиот Исток и Африка, додека Северна Америка бележи раст.
Во периодот од 1 јуни 2025 година до 31 мај 2026 година, приходите на Nike изнесувале 46,4 милијарди долари, а нето-добивката изнесувала 3,1 милијарди долари, што е пад од 3% во однос на претходната година.
Дополнителен сигнал за промената на позицијата на Nike на американскиот пазар е претстојното отстранување од S&P 100, а ќе влезе Dell Technologies од 21 септември. Амазон планира да лансира 5.105 нискоорбитални сателити под името Amazon Leo Direct-to-Device (D2D), кои ќе овозможат директно поврзување на мобилните уреди со сателитската мрежа. Главната цел на овој систем е да овозможи пренос на глас, текстуални пораки, податоци и итни услуги за паметни телефони во подрачја каде што нема покриеност од класичните базни станици и мобилни оператори. Лансирањето и распоредувањето на овие сателити е предвидено да започне во 2028 година.
Преземање на Globalstar и партнерство со Apple
Иницијативата следува по договорот за спојување од април 2026 година, со кој Амазон ги презема сателитските операции, инфраструктурата и лиценците за фреквенции од компанијата Globalstar. Новата D2D мрежа ќе работи паралелно со веќе постоечките сателити на Амазон (каде веќе има над 390 сателити во орбитата).
Амазон веќе ги потврди и првите големи соработки:
- Партнерство со Apple: Новата сателитска мрежа ќе ги напојува сателитските услуги за поддржаните модели на iPhone и Apple Watch - вклучувајќи SOS повици за итни случаи, испраќање пораки, апликацијата Find My и помош на пат.
- Телекомуникациски партнери: Компанијата веќе договори соработка со глобални и регионални оператори како Vodafone, DirecTV, Herotel и австралискиот NBN, со цел пополнување на дупките во покриеноста на мобилните мрежи.
Како ќе функционира технологијата?
Сателитите на Амазон нема да бидат обични „репетитори“ кои само го препраќаат сигналот. Тие ќе бидат опремени со напредни процесори кои ќе ги обработуваат податоците директно во орбитата, како и со ласерски меѓусателитски врски за интелигентно насочување на сообраќајот.
За поддршка на уредите на земјата ќе се користат L-band и S-band фреквенциите, додека за врска со копнените станици на Амазон ќе се користат брзите Ka-band и V-band врски. Мрежата ќе користи digital beamforming и динамичко прилагодување на кодирањето за да се елиминираат интерференциите и да се овозможи максимална брзина и стабилност за мобилните телефони.
Сателитите ќе бидат распоредени во пет различни орбитални слоеви (на висина од 510 до 580 километри), со што ќе се обезбеди покриеност во густо населените подрачја. „Порше“, германскиот производител на луксузни спортски автомобили донесе одлука за укинување на уште 5.000 работни места како дел од сеопфатниот план за реструктуирање и намалување на трошоците. Раководството на компанијата и претставниците на работниците постигнаа договор за новата долгорочна стратегија, која предвидува значајни промени во работењето, но и заштита за преостанатите вработени во следните девет години.
Иако договорот носи бран на отпуштања, раководството се обврза дека намалувањето на работната сила ќе се одвива на социјално прифатлив начин - преку пензионирање, доброволни заминувања со отпремнина и природно одливање на персоналот до 2035 година. Во овој период се исклучува можноста за принудни отпуштања.
Намалување на платите, бонусите и деновите за работа од дома
За да се финансира идниот развој и опстанокот на производствените погони, вработените и менаџментот мораа да прифатат сериозни отстапки:
- Замрзнување на покачувањата: Дел од предвидените зголемувања на платите за работниците и менаџментот ќе бидат замрзнати во следните години.
- Пониски бонуси: Божиќните бонуси драматично ќе се намалат, а дополнителните исплати ќе зависат исклучиво од профитабилноста на компанијата.
- Помалку работа од дома: Правото за работа од далечина се скратува од 12 на најмногу 8 дена во месецот.
Еднократна отштета и гаранција за фабриките
Како компензација за прифатените кратења, работниците во август ќе добијат еднократен бонус во износ од 1.500 евра, додека членовите на синдикатот ќе добијат дополнителен финансиски додаток.
Од синдикатот порачаа дека преговорите биле исклучително тешки, но дека е постигнат компромис кој обезбедува долгорочна сигурност и инвестиции во основните капацитети, зачувувајќи го најголемиот дел од работните места во време на голема криза во автоиндустријата. Најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија Ryanair објави пад на нето-добивката за 34 проценти во првиот квартал од годинава. Според официјалниот извештај, добивката по оданочување за периодот кој завршува во јуни изнесува 538 милиони евра, во споредба со 820 милиони евра остварени во истиот период минатата година.
Основна причина за намалувањето на профитабилноста е драматичниот скок на цената на нафтата. Цената на дел од млазното гориво (околу 20% од потребите) речиси се удвои, достигнувајќи 150 долари по барел. Дополнително, просечната цена на авиобилетите забележа пад од 6%, главно поради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток, кој предизвика воздржаност кај патниците и подоцнежно резервирање летови.
И покрај финансискиот пад, оперативните бројки на авиокомпанијата бележат раст. Вкупниот број превезени патници во првиот квартал порасна за 6%, односно на 61,3 милиони патници, додека вкупните приходи бележат благ раст од 1% и достигнаа 4,38 милијарди евра.
Главен извршен директор на Ryanair, Мајкл О'Лири, истакна дека компанијата успешно ја одржува својата ценовна предност пред конкуренцијата благодарение на конзервативната стратегија за заштита на цената на горивото. За тековната фискална година, 80% од горивото е однапред обезбедено по цена од 67 долари по барел.
Во истиот период, Ryanair ја отплати и последната обврзница од 1,2 милијарди евра, со што групацијата целосно ги исплати долговите и сега работи без никаков долг. За претстојната сезона, авиокомпанијата отвори три нови бази во Тирана, Рабат и Трапани, проширувајќи ја мрежата со 130 нови авиолинии. Историското проширување на Светското првенство на 48 репрезентации донесе и рекорден финансиски колач во историјата на екипниот спорт. Светската куќа на фудбалот (ФИФА) за овој турнир издвои вкупен буџет од 871 милион долари, што претставува огромно зголемување во споредба со претходните мундијалски циклуси.
Рекордниот фонд е овозможен благодарение на зголемениот број натпревари, историските приходи од ТВ-правата, спонзорските договори и распродадените гигантски стадиони низ САД, Канада и Мексико.
Шампионска премија од 50 милиони долари
Новиот светски шампион, Шпанија ќе инкасира рекордна награда од 50 милиони долари само за постигнатиот спортски резултат на теренот. Оваа сума е за 8 милиони долари поголема од премијата што ја освои Аргентина на Мундијалот во Катар.
Финалистот и освојувач на сребрениот медал, Аргентина ќе си замине со 33 милиони долари, додека репрезентацијата на Англија за освоеното трето место ќе добие 29 милиони долари. Четвртопласираната Франција го заврши турнирот со заработка од 27 милиони долари.
Загарантиран минимум од 12,5 милиони долари за сите учесници
Покрај наградите за остварениот резултат во елиминациската фаза, сите 48 репрезентации учеснички добија и фиксна поддршка за покривање на трошоците. ФИФА на секој национален сојуз му префрли 2,5 милиони долари за подготовки и тренинг-кампови пред почетокот на турнирот, како и 10 милиони долари за самата квалификација. Со тоа, секоја репрезентација што избори учество на овој Мундијал си обезбеди минимум 12,5 милиони долари, дури и во случај да ги загуби сите три натпревари во групата.
Сите финансиски награди ФИФА ги исплаќа директно на сметките на матичните фудбалски федерации. Секој сојуз има сопствени интерни правилници за тоа колкав процент од оваа сума им се доделува на фудбалерите и стручниот штаб како премија, додека поголемиот дел од парите задржуваат намена за развој на домашната фудбалска инфраструктура и младинските школи. Народна Република Кина останува најважниот трговски партнер на Германија во однос на увозот и во првите пет месеци од 2026 година, соопшти германскиот Федерален завод за статистика (Destatis).
Според официјалните податоци, вкупната вредност на германскиот увоз од Кина во периодот од јануари до мај достигна 72,4 милијарди евра. Ова претставува зголемување на увозот за 6,2% во споредба со истиот период минатата година. Само во месец мај, увозот забележа раст од 2,1% на годишно ниво и изнесуваше 14 милијарди евра (наспроти 13,7 милијарди евра во мај лани).
Како резултат на зголемениот увоз, дефицитот во трговската размена на Германија со Кина значително се прошири. Трговскиот дефицит во првите пет месеци од годинава порасна на 42,8 милијарди евра, што е забележителен скок во споредба со истиот период од 2025 година, кога изнесуваше 33,5 милијарди евра.
Од Destatis исто така истакнуваат дека во овој период е забележан силен пад кај извозот на германски патнички моторни возила кон кинескиот пазар, што додатно влијаеше врз продлабочувањето на трговскиот дебаланс меѓу едни од двете најголеми светски економии. Американската вселенска агенција NASA официјално ја избра компанијата SpaceX за имплементација на напредна ласерска технологија која ќе овозможи директен видеопренос со ултра-висока 4К резолуција за време на претстојната историска мисија кон Месечината, „Artemis III“.
Оваа соработка ќе обезбеди ексклузивен поглед директно од внатрешноста и надворешноста на вселенското летало „Orion“. За време на оваа мисија, четиричлениот екипаж ќе ги тестира клучните маневри за приближување и спојување меѓу „Orion“ и комерцијалните системи за слетување луѓе на Месечината, кои се неопходни за официјалното враќање на астронаутите на лунарната површина планирано за 2028 година.
За да се постигне ова, НАСА ќе инсталира два мини ласерски терминали од мрежата „Старлинк“ на надворешноста на леталото, со цел непречено испраќање на огромното количество видеоподатоци до Контролата на мисијата во Хјустон.
Ласерската комуникација користи невидлива инфрацрвена светлина, што овозможува пренос на далеку поголем волумен на податоци во секунда во споредба со традиционалните радио-фреквенции.
НАСА веќе успешно го демонстрираше овој оптички систем за време на претходната мисија „Artemis II“, кога преку ласерски сигнали до Земјата беа испратени видеоматеријали со висока резолуција, фотографии, гласовни пораки и комплексни инженерски податоци.
Од друга страна, „SpaceX“ првпат ја докажа ефикасноста на своите мини ласери за потребите на NASA во 2025 година, за време на приватната човечка вселенска мисија Fram2. Новата опрема што ќе биде поставена на „Orion“ е директно базирана на технологијата од над 25.000 ласери кои во моментов веќе оперираат во орбитата и ги поврзуваат сателитите на „Starlink“.