Додека германскиот извоз е во пад, увозот на кинески автомобили во Германија скокна за 16 проценти

Додека германскиот извоз е во пад, увозот на кинески автомобили во Германија скокна за 16 проценти
Сподели:

Според податоците на Заводот за статистика на Германија (Destatis), во периодот од јануари до јули од земјата се извезени околу 2 милиони нови патнички автомобили во вкупна вредност од 73,5 милијарди евра. Овие бројки покажуваат намалување на квантитативниот извоз за 4 проценти во споредба со истиот период од минатата година.

Финансиските показатели забележуваат уште поизразен пад, при што вредноста на извезените автомобили е намалена за 8,9 проценти на годишно ниво.

И покрај општиот пад на извозот, електричните автомобили продолжуваат да заземаат значаен дел од германскиот пласман на странските пазари, учествувајќи со 28,1 процент во вкупниот извоз на нови возила.

Извозот во Соединетите Американски Држави кој претставува еден од најважните пазари, забележано е намалување на извозот на германски автомобили за 2,6 проценти.

За разлика од извозот, увозот на нови автомобили во Германија бележи значителен раст од 16 проценти во истиот седуммесечен период. Според статистичките податоци, Кина се позиционира како најголем увозник на автомобили на германскиот пазар.