Акциите на Nike се под притисок на берзата, во период кога најголемиот светски производител на спортска опрема се соочува со слаба продажба на директните канали и пад на приходите на дел од клучните пазари.
Дополнителен удар за инвеститорите е одлуката Nike да биде отстранет од индексот S&P 100. Промената ќе стапи во сила пред почетокот на тргувањето на 21 септември оваа година.
Одлуката доаѓа во период кога Nike се обидува да го прекине повеќегодишниот тренд на слабеење на деловните резултати и да го врати растот.
Директната продажба продолжува да се намалува
Приходите од NIKE Direct во текот на годината се намалиле за 6%, на 17,7 милијарди долари, додека приходите од дигиталниот канал на брендот во последниот квартал паднале за 12%.
Nike бележи намалување на продажбите и на некои од најважните пазари. Во последниот квартал, приходите на брендот се намалиле во Кина, Европа, Блискиот Исток и Африка, додека Северна Америка бележи раст.
Во периодот од 1 јуни 2025 година до 31 мај 2026 година, приходите на Nike изнесувале 46,4 милијарди долари, а нето-добивката изнесувала 3,1 милијарди долари, што е пад од 3% во однос на претходната година.
Дополнителен сигнал за промената на позицијата на Nike на американскиот пазар е претстојното отстранување од S&P 100, а ќе влезе Dell Technologies од 21 септември.

