Косово ги укина царините за американски производи

Косово ги укина царините за американски производи

На денешната седница, Владата на Косово одлучи да ги укине царините за сите производи со потекло од Соединетите Американски Држави.

„Од сега па натаму, сите производи со потекло од САД ќе имаат 0% царинска тарифа при влез во нашата земја“, изјави премиерот на Косово, Албин Курти.

Според Курти, ова е уште еден чекор за продлабочување на одличните односи кои ги имаат со Соединетите Американски Држави и покажува решителност и посветеност за постигнување договор за слободна трговија.

Косово ги укина царините за американски производи