Трамп нареди распоредување на нуклеарни подморници по „провокативните изјави“ на Медведев

Трамп нареди распоредување на нуклеарни подморници по „провокативните изјави“ на Медведев

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека наредил позиционирање на две нуклеарни подморници во „соодветни региони“ како одговор на, како што ги нарече, „многу провокативните изјави“ од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Медведев моментално ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Во својата објава, Трамп истакна дека наредбата е издадена „само во случај овие глупави и запаливи изјави да се повеќе од само тоа“. Тој нагласи дека „зборовите се многу важни и честопати можат да доведат до несакани последици“, изразувајќи надеж дека ова нема да биде еден од тие случаи.

Ова следи откако Дмитриј Медведев на социјалната мрежа „X“ изјави дека „Трамп ја игра играта со ултиматуми со Русија: 50 дена или 10“ алудирајќи на рокот кој го даде Трамп за постигнување договор за прекин на војната во Украина.

Медведев му порача две работи:

- Русија не е Израел или Иран.

- Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна, не помеѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја. И да не чекори по патот на претходниот претседател на САД, Џо Бајден.

Трамп нареди распоредување на нуклеарни подморници по „провокативните изјави“ на Медведев