Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на работници во индустријата во јули 2025 година е намален за 3.8% во споредба со истиот месец минатата година. Ова е дел од трендот на намалување што се забележува во првиата половина од годината, каде што вкупниот пад изнесува 4.0% во однос на истиот период во 2024 година.
Анализата по сектори покажува дека најголем пад претрпела Преработувачката индустрија, која бележи пад од 4.0%. Намалување на бројот на вработени има и во секторот „Рударство и вадење на камен“ со 2.4% и во „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ со 0.5%.
Според главните индустриски групи, намалување има во групата „Капитални производи“ со пад од 8.8%, потоа „Нетрајни производи за широка потрошувачка“ со 3.8% и „Енергија“ со 1.9%.
Зголемување на бројот на работници е забележан во „Трајни производи за широка потрошувачка“ со раст од 9.6% и „Интермедијарни производи, освен енергија“ со благ раст од 0.3%