Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6% во август во однос на истиот период лани, спорред податоците објавени од Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8%, Капитални производи за 7.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2%, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7.3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, се намалил за 3.8%.