Српската нафтена компанија НИС доби ново одложување на санкциите до 8 октомври

Српската нафтена компанија НИС доби ново одложување на санкциите до 8 октомври

Министерството за финансии на САД, на 30 септември издаде нова посебна лиценца со која се одложува целосното воведување санкции против српската нафтена компанија НИС и се овозможува извршување на оперативните активности на компанијата најдоцна до 8 октомври 2025 година.

Компанијата НИС поднела дополна на барањето за отстранување од листата на Специјално назначени државјани (SDN). Станува збор за долг и сложен процес, а иницијалното барање е испратено на 14 март оваа година.

НИС продолжува со активности кои имаат за цел надминување на актуелната ситуација, а за сите нови околности кои може да влијаат на бизнисот, компанијата ќе ја информира јавноста навремено.

Јанаф АД, хрватската компанија за транспорт и складирање на нафта, доби нова лиценца од канцеларијата за контрола на странски имоти (OFAC) на САД, која дозволува продолжување на спроведувањето на Договорот за транспорт на нафта со српската компанија НИС. Лиценцата ќе важи до 8 октомври 2025 година, што овозможува компаниите да продолжат со соработката без ограничувања.

Српската нафтена компанија НИС доби ново одложување на санкциите до 8 октомври