Вработените во ЈП Паркови и зеленило излегоа на протест поради неисплатена плата

Вработените во ЈП Паркови и зеленило излегоа на протест поради неисплатена плата

Вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој воедно е оснивач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна излегоа на нов протест. Денеска протестот се одржа од 10 до 12 часот на булеварот Илинден кај Фонтана(Матично) и на мостот Гоце Делчев.

По завршување на протестот, платата на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје е исплатена, а на вработените во ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна се уште не е исплатена. Доколку не се исплати, протестите продолжуваат и во наредните денови, а СУТКОЗ и работниците излегуваат повторно на улица утре кога ќе излезат на протест вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна во период од 10 до 12 часот со блокирање на булеварот Илинден(кај Матично).

СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности ги повика вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес земаа плата на штрајк/протест во знак на солидарност кон колегите од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна.

Вработените во ЈП Паркови и зеленило излегоа на протест поради неисплатена плата