За измама со лажна сообраќајка, 77-годишна скопјанка измамена за 180.000 денари

За измама со лажна сообраќајка, 77-годишна скопјанка измамена за 180.000 денари

Министерството за внатрешни работи информира за нов случај на измама, во кој 77-годишна жена од Скопје била доведена во заблуда со лажна сообраќајна незгода. Според податоците, жртвата била измамена за 180.000 денари.

Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.