Бројот на работници во индустријата е намален за 2,8% во октомври

Бројот на работници во индустријата е намален за 2,8% во октомври

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека бројот на работници во индустријата во октомври е намален за 2,8% во споредба со истиот месец лани.

Овој негативен тренд е забележан во секторот Рударство и вадење на камен кадешто намалувањето изнесува 2,8%, во секторот Преработувачка индустрија има пад од 2,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување за 1%.

Според главните индустриски групи, најголем пад во бројот на работниците во однос на октомври лани е регистриран во групата Капитални производи со намалување од 5,6%, потоа следат Нетрајни производи за широка потрошувачка со 3,1%, Енергија со 2,1% и Интермедијарни производи, освен енергија со 0,3%.

Зголемување на бројот на работници има во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4,6%.

За периодот јануари-октомври, бројот на работниците во индустријата бележи намалување од 3,6% во однос на истиот период претходната година.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.