Славески го посети трезорот на Банката на Англија кадешто Народната банка ги чува резервите во монетарно злато

Славески го посети трезорот на Банката на Англија кадешто Народната банка ги чува резервите во монетарно злато

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари значајна работна посета на Банката на Англија во Лондон, со цел засилување на билатералната соработка и размена на експертски искуства со една од најстарите и највлијателни централни банки во светот.

Во текот на својот престој, гувернерот Славески оствари серија високи работни средби, меѓу кои и со гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли.

Дел од агендата е фокусиран на управувањето со златните резерви, при што беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува своите резерви во монетарно злато.

Славески изврши увид во оперативните процедури за чување, сигурносната заштита и можностите за пристап до пазарот за злато во Лондон, кој е најголем светски пазар преку шалтер.

Гувернерот одржа и работни средби со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил и со заменик-гувернерката Сара Бриден.

На овие средби се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии. Посетата беше организирана од страна на Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.

Следете ги најновите вести на Viber
Славески го посети трезорот на Банката на Англија кадешто Народната банка ги чува резервите во монетарно злато