ССМ: Доколку не се зголеми минималецот, работниците се спремни да протестираат и да штрајкуваат

ССМ: Доколку не се зголеми минималецот, работниците се спремни да протестираат и да штрајкуваат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) упати предупредување до надлежните институции, најавувајќи протести и штрајкови доколку не биде прифатено барањето на работниците за зголемување на минималната плата.

Според последното истражување на ССМ, работниците сметаат дека минималната плата треба да се движи помеѓу 600 и 700 евра, што подразбира зголемување од најмалку 200 до 300 евра.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека иако некои експерти заговараат промена на методологијата, решението кое се нудеше пред 2022 година значеше годишен раст на минималецот од само 100, 200 или 500 денари.

Тој потсети дека доколку ССМ не протестираше во 2022 година за промена на методологијата и за зголемување на минималната плата, по старите параметри (една третина од просечната плата, инфлација и БДП), минималецот во 2026 година би изнесувал само 20.682 денари, што е за 5.379 денари помалку од она што евентуално ќе се усогласи.

Трендафилов потенцираше дека со сегашната минимална плата земјата е на дното, а со враќање на старите параметри ќе го пробиеме и дното.

Поради ова, тој ги предупреди надлежните дека доколку не се зголеми минималецот согласно барањата на работниците, тие се спремни да протестираат и да штрајкуваат.

Следете ги најновите вести на Viber