Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенираните сметки во третиот квартал продолжува и не е прекинат или откажан, како што можеби се појавија шпекулации во јавноста.

Имено, доколку во една пратка постои дури и само еден корисник кој извршил промена на банка или трансакциска сметка, целиот налог системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон ниту еден корисник кој е дел од истата пратка.
Овој предизвик е веќе идентификуван, а надлежните служби интензивно работат на негово надминување со цел да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани.
Исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, додека за оние кои се соочуваат со техничкиот застој, средствата ќе бидат реализирани веднаш по завршување на целокупната преработка.
УЈП упатува апел до граѓаните: доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, потребно е веднаш да направат ажурирање на податоците во системот. Со тоа, ќе се избегнат вакви ситуации во иднина и ќе се овозможи навремена исплата за сите корисници на мерката.