Нова одлука на Владата: Ограничена пловидбата на чамци и скутери во Охридското, Преспанското и Дојранското езеро

Нова одлука на Владата: Ограничена пловидбата на чамци и скутери во Охридското, Преспанското и Дојранското езеро

Владата донесе нова Одлука за ограничување на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Оваа мерка, донесена на предлог на Министерството за транспорт, има за цел драматично да ја зголеми безбедноста на капачите и сите учесници во водниот сообраќај, како и да ги заштити човечките животи за време на претстојната туристичка сезона.

Со цел намалување на ризикот од несреќи и зачувување на јавниот ред на трите природни езера, новите правила воведуваат прецизни временски рамки во кои одредени пловни објекти нема да смеат да се користат. Ограничувањата стапуваат на сила веднаш и се поделени според типот на пловниот објект и месеците од годината.

За сопствениците на скутери се воведува строга забрана за пловидба во шпицот на летото, односно во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година, во времето од 11:00 часот наутро па сè до 19:00 часот навечер. Ова е периодот кога плажите се најфреквентни и кога ризикот за капачите е најголем.

Од друга страна, за чамците се воведуваат ноќни и вечерни ограничувања кои ќе се менуваат во зависност од месецот. Така, веќе од 3 јуни па сè до 31 август, чамците нема да смеат да пловат во сообраќај од 21:00 часот навечер до 05:00 часот наутро. Како што деновите се кратат, забраната се продолжува, па во септември таа ќе важи од 20:00 до 06:00 часот, а во октомври пловидбата се ограничува од 19:00 до 06:00 часот

Министерството за транспорт предупредува дека надлежните институции излегуваат на терен со засилени контроли. За сите оние кои нема да ги почитуваат пропишаните часови и зони за пловидба ќе бидат преземени ригорозни законски мерки. Властите апелираат до сопствениците и менаџерите на пловните објекти строго да ги следат насоките за да се осигура мирно и безбедно лето за сите посетители.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.