Сканиа ќе отпушти 750 работници во Шведска

Сканиа ќе отпушти 750 работници во Шведска

Производителот на камиони и автобуси, Сканиа, најави дека ќе укине 750 работни места во Шведска како дел од процесот за реорганизација на компанијата, со цел да се прилагоди на новите пазарни услови и технолошкиот развој.

„Светот брзо се менува преку технолошки развој, регионализација и нови пазарни услови. За да останеме силни во иднина, треба да се прилагодиме, да ги развиеме нашите начини на работа и да разгледаме како сме организирани. Ова е тешка, но неопходна одлука за да се зајакне конкурентноста на Сканиа и да продолжиме да ја водиме промената кон одржлив транспортен систем“, изјави Кристијан Левин, претседател и извршен директор на Сканиа.

Најавата за отпуштања, која не ги вклучува вработените од производството, најмногу ќе погоди две организациски единици: човечки ресурси и комерцијалните оддели. Од вкупно 750 позиции, околу 400 се однесуваат на одделот за човечки ресурси, додека 350 се во рамките на комерцијалните функции за продажба, маркетинг и операции.

Џина Талберг, извршен потпретседател и раководител на одделот за луѓе и култура во Сканиа, истакна дека целта е трансформацијата да се изврши „со почит и ефикасно за сите вработени, истовремено градејќи организација подобро подготвена за иднината“.

Во моментов се во тек консултации со синдикатите, а компанијата уверува дека процесот ќе се спроведе со голема грижа и почит кон сите засегнати.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.