Акциска контрола на Охридското Езеро: Пронајдени 4.000 метри рибарски мрежи и 116 килограми белвица

Акциска контрола на Охридското Езеро: Пронајдени 4.000 метри рибарски мрежи и 116 килограми белвица

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро вчера спроведоа засилена акциска контрола за спречување на кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање забранет риболовен алат во водите на езерото.

При контролата на потегот меѓу струшките села Калишта и Радожда, езерската полиција пронајде и заплени 20 т.н. висечки рибарски мрежи во вкупна должина од околу 4.000 метри. Овој вид мрежи е најстрого забранет за употреба.

Во извадените мрежи се пронајдени 872 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 116,9 килограми. По насока на јавен обвинител, мрежите и уловот беа подигнати од страна на полициските службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад, а за случајот веднаш е известен и надлежниот инспекторат за рибарство.

Од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро најавуваат дека и во следниот период ќе продолжат со интензивни акциски контроли за откривање на сторителите и заштита на ендемскиот рибен фонд во Охридското Езеро.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.