Пуштен во употреба Градскиот воз од Зелениково до Железничката станица во Скопје

Пуштен во употреба Градскиот воз од Зелениково до Железничката станица во Скопје

Скопје официјално доби Градски воз. Заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го пушти во употреба новиот железнички линиски превоз, кој треба да овозоможи побрз, побезбеден и поеколошки транспорт за граѓаните.

Првата фаза опфаќа целосно рехабилитирана железничка делница во должина од околу 25 километри, која ги поврзува Зелениково и Железничката станица во Скопје. Со новата реконструирана пруга, патувањето на оваа релација ќе трае околу 20 минути.

Во рамките на градежните активности е извршена целосна модернизација: стариот колосек е демонтиран, дотраените дрвени прагови се заменети со нови бетонски, а пругата е машински подбиена и регулирана со современа механизација. Паралелно со ова, интензивно се работи на следните две фази за поврзување и на останатите делови од градот.

Целта на Град Скопје е целосно интегрирање на железничкиот и автобускиот превоз преку усогласување на возните редови, со што на патниците ќе им се овозможи непречено преседнување и поквалитетна мобилност низ целата градска мрежа.

Покрај стартот на Градскиот воз, најавена е и испорака на 100 нови градски автобуси, за кои е веќе завршена целата постапка. Како следна и завршна фаза во модернизацијата на јавниот превоз во главниот град се подготвува воведувањето на BRT (Bus Rapid Transit) системот, за кој подготовките се наоѓаат во завршна фаза.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.