Се укинува правилото за најниска цена, ќе се бара најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот при избор на најповолна понуда во јавните набавки

Се укинува правилото за најниска цена, ќе се бара најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот при избор на најповолна понуда во јавните набавки

Владата го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, со кој се спроведуваат клучни реформи предвидени во Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

Овие измени имаат за цел модернизација на системот, зголемување на конкуренцијата и подобрување на транспарентноста при трошењето на јавните средства.

Една од најзначајните новини е задолжителната примена на критериумот „најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет“ при изборот на најповолна понуда. Со ова се укинува практиката институциите автоматски да ја избираат најниската цена, овозможувајќи проценка на квалитетот, долгорочната оправданост и вистинската вредност на понудите.

Законските измени предвидуваат и сериозно зајакнување на дигитализацијата во јавните набавки. Бирото за јавни набавки добива проширени надлежности за користење дигитални алатки со кои ќе се следат постапките, ќе се препознаваат ризиците и ќе се спречуваат злоупотребите и корупцијата. Воедно, се воспоставуваат веб-сервиси за автоматска размена на податоци меѓу институциите.

Дополнително, се унапредува Електронскиот пазар на набавки од мала вредност, а се менува и системот за кадар: наместо досегашната периодична ресертификација со повторно полагање испит, за службениците за јавни набавки се воведува модел на континуирано професионално усовршување.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.