Орбан: Брисел сака да го прошири конфликтот во Украина

Орбан: Брисел сака да го прошири конфликтот во Украина

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изрази силен став против политиките на Европската унија во однос на руско-украинскиот конфликт, во текот на неформалниот самит на Европскиот совет што се одржува во Копенхаген. Орбан нагласи дека Унгарија не го поддржува продолжувањето на војната и понатамошното испраќање помош во Украина, тврдејќи дека тие мерки се спротивни на интересите на неговата земја.

„Три големи битки ни претстојат: прво, сакаат да ја прогласат војната меѓу Русија и Украина како наша. Второ, сакаат да испратат уште повеќе пари во Украина. И трето, сакаат да го забрзаат пристапувањето на Украина во Европската Унија, што ќе значи прекин на увозот на нафта и гас од Русија“, изјави Орбан.

Тој нагласи дека Унгарија е под силен притисок и дека нападите врз земјата од страна на Брисел се сè поинтензивни, но додава дека ќе останат цврсти и ќе се борат за сопствените интереси и за мирот во Европа. „Ситуацијата е сериозна. На маса се предложени чекори кои подразбираат директно зголемување на воените трошоци, финансиска поддршка за Украинските оружени сили, како и правни маневри за брзо пристапување на Украина во ЕУ“, изјави Орбан.

„Брисел избра стратегија на исцрпување на Русија преку бескрајна војна. Ова значи дека ќе се инвестираат милијарди во Украина, а Европа ќе ја жртвува својата економија и ќе испрати стотици илјади на фронтот. Ние, како Унгарија, ќе стоиме цврсто на нашата позиција и ќе се бориме за мир“, додаде Орбан.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.