Автопатот Кичево-Охрид ги зголеми приходите на Гранит на 60 милиони евра

Автопатот Кичево-Охрид ги зголеми приходите на Гранит на 60 милиони евра

ГД „Гранит“ АД Скопје во периодот од 1 јануари до 30 септември оствари позитивни финансиски резултати со значителен раст на оперативните и финансиските параметри. Вкупните приходи на компанијата достигнаа околу 60,31 милиони евра, што претставува скок од 79 проценти во споредба со истиот период лани.

Вкупните расходи изнесуваат околу 53,62 милиони евра и бележат зголемување од 74 проценти, што е во директна корелација со зголемениот обем на градежни активности.

Приходите од продажба забележаа раст од 91 процент и изнесуваат околу 55,82 милиони евра. Од раководството информираат дека овој развој е резултат на интензивираните градежни работи на автопатот Кичево-Охрид и реализацијата на неколку други големи инфраструктурни проекти.

Финансиските приходи исто така забележаа пораст и достигнаа околу 2,58 милиони евра, првенствено благодарение на повисоката дивиденда остварена од акциите што Друштвото ги поседува во Комерцијална банка АД Скопје.

Нето-добивката за првите девет месеци од оваа година изнесува околу 6,69 милиони евра. Вкупната сеопфатна добивка е евидентирана во износ од околу 2,07 милиони евра, а разликата во однос на остварената добивка произлегува од евидентираната нереализирана загуба поради намалување на пазарната вредност на портфолиото акции во сопственост на компанијата. Во однос на деловниот план, приходите од продажба се во рамките на проекциите, додека нето-добивката и финансиските приходи ги надминаа планираните износи за целата година.

Собранието на акционери е одржано на 18 мај и донесена е одлука за распределба на дивиденда за 2025 година во вкупен износ од 135,74 милиони денари (околу 2,21 милиони евра), односно 49 денари бруто по акција, која е целосно исплатена заклучно со септември. Вкупните капитални инвестиции во основни средства изнесуваат околу 1,03 милион евра. Очекувањата за претстојниот период се насочени кон завршување на инфраструктурните проекти во финална фаза и отпочнување на новодобиените договори за изградба на автопатишта.

Асоцијација
(28 октомври 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.