Општина Карпош ги повикува младите да аплицираат за субвенции за возачки дозволи: Досега се исплатени над 3,4 милиони денари

Општина Карпош ги повикува младите да аплицираат за субвенции за возачки дозволи: Досега се исплатени над 3,4 милиони денари
Сподели:

Општина Карпош продолжува со реализација на поддршката за младите жители преку мерката за субвенционирање на теоретската и практичната обука за полагање возачки испит за Б категорија.

Според последните информации од општината, досега се поднесени вкупно 264 барања. Од нив, 216 млади лица целосно ја завршиле потребната постапка, при што до овој момент се исплатени 3.445.048 денари.

За целосна реализација на оваа мерка од општинскиот буџет беа обезбедени вкупно 5.000.000 денари, што значи дека за потенцијалните кандидати на располагање остануваат уште околу 1,55 милиони денари.

Јавниот повик останува отворен до крајот на 2026 година или до целосно исцрпување на преостанатите предвидени средства. Сите млади жители на Општина Карпош кои ги исполнуваат пропишаните услови сè уште имаат можност да аплицираат и да ја искористите оваа финансиска олеснителна мерка.