Поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на „Лидл“ во општина Аеродром

Поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на „Лидл“ во општина Аеродром

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го означи почетокот на изградбата на нов малопродажен објект на германскиот ланец маркети „Лидл“ во општина Аеродром.

На свеченото поставување на камен-темелникот, премиерот изјави дека проектот бил закочен, но е меѓу првите што неговата влада ги одблокирала во изминатите 15 месеци.

Новиот објект ќе има вкупна површина од 3.438 квадратни метри, од кои 1.200 квадратни метри ќе бидат наменети за модерен продажен салон. За потрошувачите ќе бидат достапни и 57 паркинг места.

„Особено ме радува што менаџментот на „Лидл“ ја прифати нашата забелешка за зголемување на застапеноста на домашното производство и македонските производи на полиците на „Лидл““, рече Мицкоски.

Во 2024 година, извозот на македонски производи преку „Лидл“ изнесувал околу 5 милиони евра, а според неформални разговори со менаџментот, се очекува оваа бројка да се удвои и да достигне 10 милиони евра.

Премиерот ја искористи можноста да ги охрабри македонските претприемачи да ги приспособат своите производи на стандардите на „Лидл“, бидејќи тоа ќе им овозможи да се пласираат на пазарите во соседните земји и онаму кадешто „Лидл“ ќе има потреба од квалитетни производи.

Поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на „Лидл“ во општина Аеродром