Исплатени 461,5 милиони денари на 23 илјади полјоделци

Исплатени 461,5 милиони денари на 23 илјади полјоделци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализираше исплата од 461.492.542 денари, наменети за 23.874 полјоделци.

Средствата се исплатени согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, а се однесуваат на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за полјоделски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, како и за цвеќе.

Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства кои во производната 2024/2025 година имаат засеани и ожнеани површини со низа полјоделски култури.

Помошта ги опфаќа производителите на пченица, јачмен, пченка, ориз, ’рж, овес, тритикале, хељда, соја, сончоглед, тутун, маслодајна и добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, како и низа други житни, индустриски и фуражни култури.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.