Општина Кавадарци објави јавен повик за пријавување штети од невремето со град

Општина Кавадарци објави јавен повик за пријавување штети од невремето со град
Сподели:

Граѓаните на Општина Кавадарци кои претрпеа материјална штета од силното невреме со град што го зафати регионот на 2 септември 2026 година, можат истата да ја пријават во просториите на локалната самоуправа.

Пријавувањето започнува од денеска, 3 септември, и ќе трае заклучно до 11 септември 2026 година. Барањата се поднесуваат секој работен ден во Граѓанскиот услужен центар на Општина Кавадарци, во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

За комплетирање на апликацијата, покрај пополнетото барање, граѓаните треба да достават фотокопија од лична карта и доказ за сопственост на имотот, како што се имотен лист или договор за закуп.

Општина Кавадарци напоменува дека лицата кои веќе ги имаат осигурано своите земјоделски насади од град кај осигурителните компании, не треба да доставуваат документација до комисијата.