Скок во градежништвото од 21,9 проценти придонесе македонскиот БДП да порасне за 4,3 проценти во вториот квартал

Скок во градежништвото од 21,9 проценти придонесе македонскиот БДП да порасне за 4,3 проценти во вториот квартал
Сподели:

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје забележа стапка на раст од 4,3 проценти во споредба со истиот период од минатата година. Според сезонски и календарски прилагодените податоци, растот на домашната економија изнесува 4 проценти.

Овој значителен економски скок се должи пред сè на силната активност во градежниот сектор, каде што е регистриран раст од 21,9 проценти. Позитивен придонес од 5,1 процент е забележан и во секторите за уметност, забава, рекреација и останати услужни дејности.

Податоците на ДЗС покажуваат дека финалната потрошувачка во второто тримесечје оствари номинален раст од 7 проценти, со што зафаќа доминантно учество од 83,2 проценти во структурата на БДП.

Во истиот период, бруто-инвестициите забележаа висок номинален раст од 14,5 проценти, што главно произлегува од зголемувањето на инвестициите во основни средства.