Скопје добива нова механизација: Промовирани новите комунални возила за почист град

Скопје добива нова механизација: Промовирани новите комунални возила за почист град

Со цел надминување на долгогодишните проблеми со управувањето со отпадот во главниот град, Градот Скопје и Владата ги промовираа новите возила за комунална хигиена. Новата механизација е обезбедена преку проект реализиран во соработка и со поддршка од Светската банка.

На промоцијата присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт, Александар Николоски.

Очекувањата се дека новите возила значително ќе ги зајакнат капацитетите на терен, овозможувајќи поредовно и поефикасно собирање на сметот, како и одржување на јавната хигиена низ сите скопски населби.

Покрај механизацијата од Светската банка, Градот Скопје со сопствени средства започна постапка за набавка на дополнителни специјализирани возила. Во завршна фаза е и набавката на повеќе од 3.300 нови контејнери за одлагање смет, кои треба да ги заменат оштетените и дотраени садови за отпад низ градот.

Со подобрувањето на опремата и реорганизацијата на теренските екипи, градските власти најавуваат долгорочно решение за одржувањето на чистотата и заштитата на животната средина во сите општини.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.