Исплатена е нова транша од 19,4 милиони евра за поддршка на домашните компании

Исплатена е нова транша од 19,4 милиони евра за поддршка на домашните компании

Нова транша од дад 1 милијарда денари е исплатена од кон Развојната банка за подршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем, информираат од Министерството за финансии.

Од централниот Буџет кон Развојната банка се исплатени 1,2 милијарди денари, односно 19,4 милиони евра, средства со кои ќе се реализираат инвестициски проекти од страна на домашните компании, кои претходно се одобрени од страна на деловните банки.

Со оваа транша, вкупната поддршка што од централниот Буџет е трансфериран кон домашната економија преку оваа владина мерка изнесува 190,5 милиони евра.

Во Буџетот за 2025 година проектирани се вкупно 250 милиони евра кои се наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании, а кои треба да покренат инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Средствата за оваа намена ги обезбеди Владата по поволни услови преку унгарската Експорт-импорт банка.

Исплатена е нова транша од 19,4 милиони евра за поддршка на домашните компании