Трајановски: Активно се работи на автопатот Тетово-Гостивар, ангажирани се 1200 работници

Трајановски: Активно се работи на автопатот Тетово-Гостивар, ангажирани се 1200 работници

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, при посетата на трасата на автопатот Тетово – Гостивар, истакна дека проектот за изградба на Коридорот 8 е во фаза која ветува брза и квалитетна изградба.

Со заедничка работа на проектната единица на ЈПДП и изведувачот на работите, американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, се постигнаа голем напредок. До сега, на делницата Тетово – Гостивар се извршени ископувања на околу 150.000 м³ земја, вграден е 310.000 м³ материјал за пополнување и произведени се 2.500 м³ бетон. Работат околу 1.200 лица, а активно се користат повеќе од 750 машини и механизација.

"Веќе се забележува видлив напредок, бидејќи на делницата се обезбедени услови за непречено извршување на работите во должина од околу 9 километри, од вкупно 17,5 километри колку што е долга оваа делница", додаде Трајановски.

Тој исто така истакна дека 60% од снабдувачите и 90% од подизведувачите на проектот се домашни компании, што дополнително придонесува за развојот на македонската економија и создавањето на нови работни места.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.