МВР санкционираше 138 возачи за непрописно затемнети стакла со фолија

МВР санкционираше 138 возачи за непрописно затемнети стакла со фолија

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека во текот на месец октомври се изречени вкупно 138 санкции за возачи кои управувале возила со непрописно затемнети стакла, односно со вградени фолии кои не ги исполнуваат пропишаните услови.

Секторот за сообраќајни работи при МВР во периодот од 1 до 31 октомври 2025 година спровел засилени сообраќајни контроли на територијата на цела држава со цел санкционирање на овој вид прекршоци.

На сите 138 учесници во сообраќајот кои не ги почитувале законските одредби за затемнување на стаклата им се изготвени соодветни поднесоци.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли за оваа проблематика ќе продолжат и во наредните денови. Истовремено, упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

Следете ги најновите вести на Viber
МВР санкционираше 138 возачи за непрописно затемнети стакла со фолија