Во септември е намален бројот на работници во индустријата за 2,8%

Во септември е намален бројот на работници во индустријата за 2,8%

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави податоци кои покажуваат намалување на бројот на работниците во индустријата за 2,8% во септември 2025 година во однос на истиот месец минатата година.

Според секторите, најголемо намалување бележи Преработувачката индустрија со пад од 2,9%. Намалување е регистрирано и во секторот Рударство и вадење на камен за 2,0%, како и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6%.

Анализирано според главните индустриски групи, најголем пад на работници е забележан во групата Капитални производи, со значително намалување од 6,4%. Намалување има и во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка (2,8%) и Енергија (1,8%).

ДЗС регистрира зголемување на бројот на работници во две групи: Трајни производи за широка потрошувачка со раст од 4,8% и Интермедијарни производи, освен енергија, со мал раст од 0,2%.

Тренд на намалување се забележува и кумулативно, при што во периодот јануари-септември 2025 година, бројот на работници во индустријата се намалил за 3,7% во споредба со истиот период претходната година.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.