Базенот во Полициската академија во Идризово е реновиран и ставен во функција по 15 години

Базенот во Полициската академија во Идризово е реновиран и ставен во функција по 15 години

Базенот во рамките на Полициската академија во Идризово е целосно обновен и повторно ставен во функција за потребите на Министерството за внатрешни работи по повеќе од 15 години запуштеност. За реализација на овој проект се издвоени околу околу 92 илјади евра, а градежните и санациските активности се завршени за неполни три месеци.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети објектот, каде што се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Министерот истакна дека со оваа инвестиција се става крај на долгогодишната негрижа и им се овозможува на сегашните и идните полициски службеници соодветен простор за професионална обука и одржување на физичката форма.

Обновениот базен ќе се користи за редовна обука на кандидатите за полициски службеници, специјализирани тренинзи на посебните единици, спасувачки вежби и тестирања. Инаку, овој објект има и културно значење, бидејќи во него во 1977 година се снимани сцени за култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, посветен на маратонското пливање и подвигот на Атина Бојаџи.

Реконструкцијата на базенот е дел од поширокиот циклус за модернизација на полициската инфраструктура и опрема. Во изминатиот период е обновен комплексот во Идризово, повторно е воведено Средното полициско училиште, набавени се нови службени возила, а во следната фаза е предвидено и испорачување на нови, ребрендирани полициски униформи.

Асоцијација
(28 октомври 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.