Пуштена во употреба новата детска градинка „Ѕвездички“ во Општина Кисела Вода

Пуштена во употреба новата детска градинка „Ѕвездички“ во Општина Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска свечено го отворија новиот објект „Ѕвездички“, кој претставува прва детска градинка во населбата Потстаница. Некогаш руинираниот објект е целосно реконструиран и пренаменет во современ воспитно-образовен простор.

Новиот објект располага со почетен капацитет за згрижување на 40 деца на возраст од две до шест години, распоредени во две современи занимални, со можност за идно проширување. Објектот е опремен и со современа чајна кујна, а во тек е и завршното партерно уредување на дворот.

Опремувањето со нов мебел, дидактички материјали, постелнина и комплетна кујнска опрема е реализирано преку грант од Светска банка, во соработка со ресорното Министерство. Проектот за реконструкција е изведен со поддршка од Владата на Република Македонија, при што беше истакната и улогата на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој ги започна првичните активности за време на неговиот мандат како градоначалник на Општина Кисела Вода.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, посочи дека примарниот фокус на централната и локалната власт останува обезбедувањето подобри услови за најмладите, зголемувањето на капацитетите во детските установи и поддршката за семејствата.

Отворањето на градинката во Потстаница е дел од поширокиот инвестициски циклус во Кисела Вода, каде што претходно беше отворена градинката „Верверичка“ и темелно реновиран објектот „Кокиче“. Во следната фаза се планира и пуштање во употреба на новата градинка во населбата Расадник со капацитет за над 100 деца. Со реализацијата на овие проекти, Општина Кисела Вода се приближува до целосно затворање на листите за чекање за упис во детските градинки.

Асоцијација
(28 октомври 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.