Предложен притвор за сопственикот на кравите и двете негови ќерки во кривопаланечко

Предложен притвор за сопственикот на кравите и двете негови ќерки во кривопаланечко

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица – татко и неговите две ќерки поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Осомничените, како соизвршители, на 2 декември со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), кои биле со полициска асистенција, да спроведат правосилно и извршно решение за одземање на домашен крупен добиток.

Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите три лица.

Според Обвинителството, од однесувањето на осомничените произлегува дека тие подолг временски период го малтретираат месното население и соседите, и покрај сите досега преземени активности од надлежните државни органи, а сега започнале и со дејствија на спречување на вработени во надлежните инспекциски служби на АХВ и униформирани полициски службеници.

Следете ги најновите вести на Viber
Предложен притвор за сопственикот на кравите и двете негови ќерки во кривопаланечко