Индустријата во март остана со 2,8% помалку работници во однос на лани

Индустријата во март остана со 2,8% помалку работници во однос на лани

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на работниците во индустријата во март 2026 година бележи пад од 2,8% во споредба со истиот месец претходната година.

Гледано низ сектори, најизразен пад од 6,9% е забележан во секторот Рударство и вадење на камен, додека во Преработувачката индустрија бројот на вработени се намалил за 2,8%. Наспроти овие трендови, секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи благ пораст на бројот на работници од 0,6%.

Анализирано според главните индустриски групи, во март 2026 година, во однос на март 2025 година, опаѓање на бројот на вработените има кај Капиталните производи за 3,6%, Нетрајните производи за широка потрошувачка за 3,4%, Интермедијарните производи, освен енергија, за 2,9% и во групата Енергија за 2,1%. Единствен позитивен тренд во индустриските групи е регистриран кај Трајните производи за широка потрошувачка, каде што бројот на работниците се зголемил за 1,0%.

Во вкупен биланс за првиот квартал од годината, односно во периодот јануари–март 2026 година, бројот на работниците во индустријата бележи вкупно намалување од 3,3% во споредба со истиот период од 2025 година.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.