Продолжува процесот за набавка на нови хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“

Продолжува процесот за набавка на нови хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска изјави дека набавката на новите хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“ е во тек, иако се соочува со бројни правни предизвици. Оваа набавка, која беше потпишана од претходната влада, продолжува со исплата на договорите, при што е веќе уплатена втората рата во вредност од над 70 милиони евра.

Министерството за одбрана ангажираше адвокатска компанија која работи на решавање на сите правни проблеми поврзани со договорот.

Според министерот, новите хеликоптери ќе бидат опремени со дополнителна опрема што ќе им овозможи да се користат за гаснење на сите видови пожари.

Мисајловски најави и скорешна работна посета на Италија, каде што делегацијата од Министерството за одбрана ќе има можност да ја види на лице место состојбата со производството на хеликоптерите.

Продолжува процесот за набавка на нови хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“