Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро ја критикуваше Индија, обвинувајќи ја дека купува огромни количини на руска нафта, а потоа ја препродава на отворениот пазар за високи профити.
„Индија не само што купува огромни количества руска нафта, туку и голем дел од таа нафта ја продава на отворениот пазар за големи профити. Нив не им е грижа колку луѓе во Украина се убиени од руската воена машинерија“, изјави Трамп.
Тој нагласи дека поради оваа причина ќе ги зголеми тарифите за Индија. Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии околу глобалната трговија со енергенси и најавените нови санкции кои се наменети за Русија.