Започна изградбата на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“

Започна изградбата на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“

Денес беше официјално означен почетокот на изградбата на нова, повеќенаменска спортска сала во касарната „Гоце Делчев“, која ќе биде дел од комплексот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Ова е прв објект од ваков тип што се гради на територијата на Академијата по повеќе од 30 години, а неговата цел е да им обезбеди модерен простор за физичка подготовка на питомците и припадниците на Армијата. Салата, исто така, ќе биде достапна и за учениците од општина Аеродром, со што ќе се зајакне соработката меѓу институциите и локалната заедница.

Министерството за спорт е инвеститор на проектот, чија вредност изнесува 64.780.000 денари. Оваа инвестиција се очекува значително да ги подобри условите за обука, придонесувајќи за развој на дисциплината, издржливоста и тимската работа, кои се клучни за воената професија.

Започна изградбата на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“