Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека започнува распределбата на финансиската поддршка за граѓаните кои се борат со онколошки заболувања.
Во текот на утрешниот и задутрешниот ден, вкупно 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат предвидените средства директно на своите банкарски сметки.
На овој јавен повик за финансиска поддршка помош побарале вкупно 1.200 пациенти. Документацијата за сите преостанати апликации интензивно се обработува, а комплетната исплата за сите соодветни баратели ќе биде целосно реализирана во текот на следната недела.
Ѓорѓиевски истакна дека оваа мерка е резултат на искрената грижа и одговорност кон сограѓаните на кои им е потребна најголема поддршка и солидарност во најтешките животни предизвици.

