Велешката прехранбена компанија „ПИ Кристал 1923 АД Велес“ го заврши првото полугодие од 2026 година со негативен финансиски резултат, односно оствари нето-загуба во износ од околу 144.000 евра. За споредба, во истиот период од изминатата година компанијата работеше со добивка од 607 илјади денари.
Во периодот од јануари до јуни се остварени вкупни оперативни приходи од околу 7,03 милиони евра, што претставува пад од 3,6 проценти во споредба со истиот период минатата година. Поголемиот дел од реализираните приходи потекнуваат од домашниот пазар, додека приходите остварени од продажба на странските пазари забележаа пад од 3 проценти.
Главната причина за негативниот биланс е големиот скок на трошоците. Оперативните расходи во првите шест месеци достигнаа околу 5,02 милиони евра, што е зголемување за 18,2 проценти во однос на истиот период лани.
Од раководството на компанијата информираат дека во периодот јануари-јуни 2026 година немало исплата на дивиденда, а ПИ „Кристал 1923“ продолжува со активности за подобрување на производството, задржување на квалитетот и одржување на својата пазарна позиција.

