Приведен скопјанец за кражба на пригушници од железничката пруга

Приведен скопјанец за кражба на пригушници од железничката пруга
Сподели:

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот З.С. од Скопје, под сомнение за извршување на две тешки кражби на пригушници од железничката пруга на подрачјето на главниот град.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кражбите биле извршени на две различни локации, односно на подрачјата кои ги покриваат полициските станици Аеродром и Драчево.

При претресот и лишувањето од слобода, украдените железнички пригушници се пронајдени и соодветно вратени на сопственикот, Јавното претпријатие „Железници на РСМ“.

По целосно документирање и расчистување на сите детали од случајот, против приведеното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.