Македонскиот трговски дефицит се зголемува, Европската Унија останува најголем партнер

Македонскиот трговски дефицит се зголемува, Европската Унија останува најголем партнер

Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави податоците за стоковната размена со странство за периодот јануари–септември 2025 година, кои укажуваат на натамошен раст на надворешната трговија на земјата. Во споредба со истиот период од претходната година, забележан е пораст на трговскиот дефицит.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во првите девет месеци достигна 368 милијарди денари (околу 5,9 милијарди евра), раст од 2,1% во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока изнесува 523 милијарди денари (околу 8,5 милијарди евра), бележејќи раст од 3,6%.

Во извозот најмногу се застапени високотехнолошки производи и компоненти за автомобилската индустрија. Најголемо учество имаат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, делови на седишта и друго.

Кај увозот најзастапени се нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали, платина и метали од платинската група, моторни возила и друго.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, клучни партнери остануваат земјите од Европската Унија и регионот. Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои заедно учествуваат со 47,7% во вкупниот обем на размена.

Земјите членки на Европската Унија се најголемиот трговски партнер, со учество од 59,6% во вкупната размена со Македонија.

Следете ги најновите вести на Viber
Македонскиот трговски дефицит се зголемува, Европската Унија останува најголем партнер