Димовски во Германија разговараше за проширување на инвестицијата на „Џојсон Сејфти Системс“ во ТИРЗ Кичево

Димовски во Германија разговараше за проширување на инвестицијата на „Џојсон Сејфти Системс“ во ТИРЗ Кичево

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Гоце Димовски, денеска оствари работна средба со раководниот тим на германската компанија „Џојсон Сејфти Системс“ во нивното седиште во Ашафенбург, Сојузна Република Германија.

Главна тема на разговорите се анализите на досегашната деловна соработка, тековните оперативни процеси во земјава и разгледувањето на потенцијалите за идно проширување на нивните производствени капацитети сместени во ТИРЗ Кичево.

За време на состанокот, Димовски изјави дека одржувањето стабилни и долгорочни односи со веќе присутните странски инвеститори претставува еднаков приоритет за државата како и привлекувањето нов капитал. Според него, присуството на интернационални технолошки гиганти има клучно значење за одржливиот економски раст, технолошкиот трансфер и зголемувањето на конкурентноста на домашната економија.

Посетата на Ашафенбург е дел од засилената институционална комуникација на ДТИРЗ со странските компании кои оперираат во технолошко-индустриските зони низ државата.

Од Дирекцијата истакнуваат дека целта на овој директен дијалог е навремено препознавање на потребите на инвеститорите, надминување на потенцијалните оперативни предизвици и обезбедување услови за нивни понатамошен развој. Со тоа се цели кон обезбедување непречен континуитет во инвестициските циклуси и отворање нови можности за економски напредок.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.