Комерцијална банка стана првата македонска банка рангирана на глобалната листа Топ 500 на „Форбс“

Комерцијална банка стана првата македонска банка рангирана на глобалната листа Топ 500 на „Форбс“

Комерцијална банка АД Скопје се најде на престижната глобална листа „Forbes World’s Top-Performing Banks 2026“, со што стана првата и единствена банка од Македонија која влезе меѓу 500-те најуспешни банкарски институции од вкупно 89 земји во светот. Рангирањето го изработи водечкиот бизнис-медиум „Форбс“ (Forbes) во соработка со меѓународната аналитичка платформа „Статиста“ (Statista).

Ова меѓународно признание ја оценува извонредната успешност на банката врз основа на неколку клучни параметри за работењето, вклучувајќи ги профитабилноста, квалитетот и растот на добивката, стабилноста и отпорноста на капиталот, како и ефикасноста во управувањето со активата и изворите на финансирање.

Главниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка, Хари Костов, по повод престижното признание истакна дека влезот во топ 500 банките во светот е потврда за финансиската стабилност и стратешката приспособливост на институцијата.

Според Костов, резултатот го одразува континуираниот фокус на банката кон дигитална трансформација, развој на современи финансиски услуги и создавање одржлива вредност во услови на променливи каматни стапки и динамично економско окружување. Од банката посочуваат дека постигнатиот успех е производ на одговорно раководење и долгорочна доверба со клиентите на домашниот пазар.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.