Македонскиот полициски синдикат бара итно покачување на платите за полицијата и безбедносните служби

Македонскиот полициски синдикат бара итно покачување на платите за полицијата и безбедносните служби

Македонскиот полициски синдикат (МПС) упати јавен апел до Владата и надлежните институции за итно отворање на прашањето за зголемување на платите на вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

По најавеното зголемување на платите од 10 проценти во одбраната од јануари следната година, од Синдикатот упатија честитки до армиските припадници, но побараа овој договор да не остане изолиран случај, туку примерот да се примени и врз останатите безбедносни структури во државата.

Од МПС истакнуваат дека полициските службеници и припадниците на безбедносните агенции се носители на клучните одговорности за зачувување на редот, мирот и државниот суверенитет, поради што нивниот труд мора да биде праведно и достоинствено валоризиран.

Во своето соопштение, Синдикатот укажува на неколку сериозни предизвици со кои се соочува полицискиот систем, пред сè поради материјалната нестабилност и ниските примања. Меѓу основните проблеми се посочени зачестеното напуштање на редовите на полицијата од страна на искусни и обучени кадри, како и сè помалиот интерес кај младите за полициската професија.

Од Македонскиот полициски синдикат порачуваат дека институциите не можат да очекуваат висока професионалност, пожртвуваност и ризикување на сопствениот живот доколку вработените се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Од тие причини, Синдикатот бара итни и системски решенија, наместо декларативна поддршка за време на кризи.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.