Спречен обид за криумчарење на 2.000 кг фалсификат прашок за перење кој е штетен по здравјето на граѓаните

Спречен обид за криумчарење на 2.000 кг фалсификат прашок за перење кој е штетен по здравјето на граѓаните

Царинските службеници од Царинската испостава Тетово спречија обид за криумчарење на голема количина фалсификуван прашок за перење кој според првичните сознанија е штетен по здравјето на граѓаните и животната средина.

Станува збор за пратка од 2000 килограми, односно 200 вреќи од по 10 кг прашок за перење алишта со трговска марка „Ариел“. Стоката била натоварена во Турција и била наменета за увозник од Скопје.

Правниот застапник потврдил дека прашокот „Ариел“ е фалсификат и се согласил за уништување на стоката.

Царинската управа нагласува дека криумчарениот прашок содржи неконтролиран хемиски состав, што го прави штетен по здравјето на граѓаните и може да предизвика загадување на животната средина.

Против сторителот на криумчарењето, по спроведувањето на постапката, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Асоцијација (08 април 2026)