Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на седницата одржана на 27 ноември го донесе новиот Тарифен систем за дистрибуција на електрична енергија, притоа задржувајќи ги одредбите за надоместокот за пристап до електродистрибутивниот систем.
Ова следува и покрај официјално поднесената забелешка од Здружението на Инженери на Република Македонија (ИНРМ), која беше поддржана од повеќе од 2.700 граѓани и членови на Фејсбук групата.
Во својата објава, ИНРМ потсетува и на јавното ветување на ВМРО-ДПМНЕ, дадено преку тогашниот претседател на Комисијата за енергетика, а сегашен член на РКЕ, Елена Маркова-Велинова, дека укинувањето на оваа давачка ќе биде првата мерка на партијата.
Тие започнуваат нова акција за собирање на поддршка, со цел да испратат официјално барање до членовите на Регулаторната комисија за енергетика.