Во Делхи, индискиот премиер Нарендра Моди го пречека филипинскиот претседател, Бонгбонг Маркос, по повод одбележувањето на 75-годишнината од билатералните односи меѓу двете земји. Посетата означува значаен пресврт во соработката, со одлуката да се издигнат односите на ниво на Стратешко партнерство.
Оваа одлука, ќе обезбеди поцврста и поразновидна соработка. За таа цел, веќе е изготвен и Акциски план кој ќе ги дефинира идните чекори.
Претседателот Маркос и индискиот премиер имаа опширни разговори на низа теми, вклучувајќи билатерална соработка, регионални и глобални прашања. Еден од клучните аспекти на дискусијата беше зголемувањето на трговијата меѓу двете земји.
Истакнаа дека постои огромен потенцијал за соработка во сектори како ИТ, здравство, автомобилска индустрија, рударство, вселена и наука. Посебен акцент беше ставен и на растот на соработката во областа на одбраната и безбедноста.
Покрај економската и безбедносна соработка, двете земји ќе работат на зајакнување на културните врски. Планирани се заеднички активности во туризмот, подобрување на поврзаноста и редовна организација на програми за културна размена.