ССМ: Работодавачите да го прекинат работењето на отворено во најтоплите часови

ССМ: Работодавачите да го прекинат работењето на отворено во најтоплите часови

Поради најавените екстремно високи температури во земјава, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати итен апел до сите работодавачи доследно да ги почитуваат мерките за безбедност и здравје при работа и да го заштитат здравјето на работниците.

Синдикатот бара од компаниите да го намалат или целосно да го исклучат работењето на отворено во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите потребни заштитни средства. ССМ посебно нагласува дека мора строго да се почитуваат мерките за заштита на најранливите категории - постарите работници, хронично болните лица и бремените жени.

Потребно е целосно спроведување на препораките и мерките на претпазливост што за време на високи температури веќе ги објави Институтот за јавно здравје. Од ССМ потсетуваат дека работниците се главниот двигател на општеството и дека нивното здравје мора да биде приоритет за секој работодавец.

Синдикатот ги повикува работниците да ги почитуваат мерките, но и активно да реагираат доколку нивните права се прекршуваат. Секое непочитување на правилата за безбедност и здравје при работа може да се пријави кај синдикалните претставници, до Државниот инспекторат за труд, како и директно во ССМ на е-поштата prijavi@ssm.org.mk или преку мобилната апликација „ССМ - мои работнички права“.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.